На чело на министерството за внатрешни работи веќе 7 години е Оливер Спасовски, човек кој во предизборието и пред доаѓање на власт на неговата матична партија се „бореше“ѓза правна држава, владеењето на правото и борба против криминалот и корупцијата. Овие заложби на Спасовски очигледно биле само декларативни, бидејќи во изминатите 7 години во Македонија царува криминал и корупција, на ниту еден крупен случај нема разрешница напротив Спасовски и неговите кадри во МВР се изворот на скандалите за кои информираа медиумите во изминатите 7 години.
Најновиот скандал на кој реагираше партијата ВМРО-ДПМНЕ е кадровската одлука на Спасовски со својот потпис го назначил Бесфор Аме на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато.
Бесфор Аме е полициски службеник, кој пред десетина години е осуден како дел од аферата „Милка“, за криумчарење добиток. Бесфор Аме бил и во притвор, а потоа со правосилна судска пресуда е осуден на 3 ипол години затвор. Бесфор Аме го извршил кривичното дело криумчарење од позиција на полициски службеник, од командирската позиција, на која сега повторно е поставен со потпис на Спасовски. Бесфор Аме нема да причинел кривично дело криумчарење, доколку истиот не бил на командирска позиција, истата таква позиција на која сега е поставен со потпис од Спасовски, потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително тие истакнаа: ”Тогаш медиумите објавија дека полициските службеници, меѓу кои и Аме земале по 3.5 евра од килограм добиток, за истите да ја договорат патеката.Од чиста етичка и морална природа не е добро да се врати полициски службеник на место каде имал сомнение за сторен криминал, а не пак и осуден на истото место. Дали истиот се вратил за да продолжи со криминалот. Но за Спасовски тоа не е ништо ново, тој 6 години од МВР направи институција за заштита на криминалот. Едноставно е тоа што било возможно криумчарењето пред десетина години е благодарение на Бесфор Аме“.
Тие го поставија следното прашање до министерот Спасовски:
„Спасовски да каже зошто го назначил Бесфор Аме на командирска позиција и веднаш да го разреши од позицијата дел од РЦ Запад, во ГП Блато“.