Спасовски најверојатно ќе дојде на местото на Заев, Царовска ќе го смени Анѓушев

Заев и Спасовски збунети и без одговор за инволвираноста во „Фабриката за афери“
Заев и Спасовски збунети и без одговор за инволвираноста во „Фабриката за афери“

Оливер Спасовски, најверојатно, ќе биде претседател на техничката влада, откако сегашниот премиер Зоран Заев ќе поднесе оставка, што, според најавите, треба да се реализира до 3 јануари. Во техничката влада, според првични информации од вечерашното заседание на Извршниот одбор на СДСМ, би останала и досегашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, но како вицепремиерка, со оглед на најавите на Кочо Анѓушев дека се повлекува од потпретседателското место за економски прашања.

Според законите за избори и за влада, во делот на т.н. Пржинска влада, е уредено само пополнувањето на функциите технички премиер, министри и дополнителни заменик-министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителни министри во финансии, земјоделство и во информатичко општество.