Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во емисијата Студио 10 на ТВ 24 беше прашан за лажните дојави за бомби, при што Спасовски даде краток осврт:
„Ова е еден интензивен хибриден напад кој ни се случуваше од 19 октомври, па до денеска, на територија на целата држава, во средните а потоа и во основните училишта. Имавме зафатени повеќе од 720 објекти со вакви лажни дојави, иако не само во училишта, туку и во други комерцијални објекти. Што е најважно? Најважно е дека во полн капацитет активно работеше МВР и сите безбедносни служби. Дојавите се лажни, безбедноста во ниту еден момент не беше загрозена и во целиот тој период мораше да се постапува по Упатствата кои беа во важност целиот тој период”, рече министерот Спасовски.
Истакнувајќи дека беше направен оперативен тим во рамки на Владата, во кој беа вклучени сите институции, Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање, Агенција за електронски комуникации, сите релевнатни структури со свои експерти, Спасовски потенцираше дека разменети се сите податоци и барани се соодвтени решенија, со цел да има поинаков пристап во однос на електронски најави.
„Можам да кажам дека како министер донесов посебно Упатство коешто е за постапување во вакви случаи и врз основа на ова Упатство од петок минатата недела се работи заедно со училиштата, со Министерството за образование и наука и тука морам да ја истакнам исклучително добрата соработка”, рече министерот Спасовски.
Во однос на откривање на сторителите, министерот Спасовски рече:
“Второ, интензивно работиме на откривање за сторители, знаете дека во неколку случаи имавме откриени сторители во кои можепе да се дефинира кој е тој кој ги испраќа овие дојави. Сега веќе имаме изолирана поголема група со која работиме, очекувам во нареден период ќе имаме конкретни ефикасни резултати во овој сегмент”, истакна Спасовски., при што додаде дека дојавите за бомби не се само на територија на Република Македонија.
„Мора да признаеме дека дојавите на бомби не се само на наша територија, тука се Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Германија, Нов Зеланд, САД, како и интензитетот кој се зголемува од руската инвазија врз Украина, доволно говори дека станува за еден спој на структури кои не се само од внатрешноста, од државата, туку и и надвор”, рече министерот Спасовски.
Во однос на тоа од каде доаѓаат дојавите за бомби, министерот Спасовски истакна:
“Генерално, последните неколку дојави, можам да констатирам дека маиловите се пратени кои водат до IP адреси од Иран, Русија, како и VPN адреси чии провајдери се исто така од овие држави. Интересно е што уплатите за VPN услуги се извршени со крипто валути, што уште повеќе ја отежнува таа откривачка дејност”, истакна министерот Спасовски додавајќо дела сега најважно е да се процени ризикот од дојавите за бомби.
„Меѓутоа, во овој момент што е важно, важно е дека новото упатство во кое се третирани сите облици на тероризмот, меѓу кои и електронските дојави за бомби, тој систем кој го востапоставивме прави проценка на ризик, тоа беше најважната работа, да видиме на каков ниво на ризик се дојавите и врз основа на тоа се постапува”, рече министерот Спасовски, при што уште еднаш апелираше да не се нарушува образовниот процес, да не се ствара паника кај учениците, наставниците и граѓаните, потенцирајќи дека во тој дел состојбите успешно се менаџираат.