Спасовски: Најлошото допрва нѐ очекува, се очекуваат меѓу 2.000 и 2.500 случаи

На секој од нас му е јасно дека живењето е променето. Светот се бори со невидлив непријател, кој секој ден зема голем број жртви. Вирусот не познава граници, не бира кого ќе нападне и никој, апсолутно никој, не е заштитен и поштеден, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција.

Бројот на зболени ја надмина бројката од 550 граѓани. „Ние навреме го вклучивме алармот и постепено воведувавме мерки. Подготвени го пречекавме првиот налет и во првата фаза успеавме да го амортизираме ударот. Мерките ги носевме етапно по препораките на главниот Кризен штаб и СЗО. Очекувавме и најавивме дека ќе влеземе во фаза кога епедемијата ќе го промени својот тек. Секој би сакал да знае кога ова ќе заврши. Но на ова рашање ниту ние, ниту светот нема одговор“, рече Спасовски.

Ова е нова радикална фаза и за стабилноста на здравствениот систем, за заштитата на здравствените работници, за индивидуланото и колетивно здравје, за економијата…

„Мора секој да даде придонес да ја минеме оваа фаза со колку што е помалку штети. Само заедно може да ја намалиме силата на офанзивата. Ние како земја го немаме поминато најлошото. За две до три недели според анализата на експертите ќе следи пикот со меѓу 2.000 и 2.500 заболени. Но најдобро е да се подготвуваме за повеќе а да ни се случат помалу, а не братно“, рече Спасовски.

Велигденските и рамазанските празници, нагласи Спасосвки, мораме и ќе ги поминеме дома.

„Велигденските пораки за победа над смртта да ги упатиме од дома. Истото ќе важи и за рамазанските пораки. Од дома преку интернет, преку телефон, а не сите собрани. Тоа нема да не направи послаби верници, напротив тоа ќе ни го зајакне духот“, рече Спасовски.