Техничкиот премиер Оливер Спасовски кој наместо три, во премиерскиот кабинет се задржа осум месеци, викендов се поздрави со неговите досегашни соработници. Од утре тој се враќа на чело на Министерството за внатрешни работи, пишува Вечер.
Неговиот портрет веќе e наместен во Холот со портети на сите досегашни премиери во македонската Влада. Во Владата и претходно стоеја портретите на Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски, Никола Груевски и Емил Димитриев. Поставени се на ѕидот пред влезот кој води во кабинетот на премиерот.
Во истовреме,брифираат за весникот извори од Владата, празничниот викенд се искористил, новите кабинети да се дезинфицираат и да се подготват за новите „станари“.
Неофицијално, вицепремиерот Артан Груби, го добил кабинетот на досегашниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски. Рашковски не е дел од новиот состав во Владата. Без засега да биде официјално потврдено, се шпекулира дека неговото место во Владата во следниве четири години ќе го добие дамјан манчевски, кој досега беше на чело на Министерството за информатичко општество и админситрација.