Спасовски за еден ден прераспоредил 40 полицајци надвор од местото на живеење

За само за еден ден (07.10.2020) Оливер Спасовски прераспореди вкупно 40 професионални полициски службеници и ги испрати да работат надвор од своето место на живеење – од Куманово во Скопје, Свети Николе, како и во граничната полиција во Чашка, Белановце и Сопот, обелоденува пратеникот Бране Петрушевски.

„Паралелно во СВР Куманово се водат 30-тина неосновани дисциплински постапки.

Класичен политички реваншизам на Спасовски, токму против оние кои одбија да и слугуваат на мафијата, кои одбија да вршат масовен поткуп на изборите и останаа доследни на својата професија.

Политичкиот реваншизам на Спасовски е најсилен во неговиот роден град, затоа што и отпорот против него во Куманово е најсилен

Ќе дојде ден за ПРАВДА, ќе одговараат за сѐ и Спасовски и неговите слепи послушници во СВР Куманово“, објави тој.