Спасувачите во турскиот град Адијаман успеаја да го извлечат живо од под урнатините четиригодишното девојче Мирај, објави во понеделникот на Twitter го објави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаиоглу .
„Во 178-от час по земјотресот во Адијаман, четиригодишната Мирај беше спасена. Таа е жива и здрава“, напиша тој.
Според телевизијата CNNTurk, девојченцето имало шест години и дека спасувачите се блиску до извлеквуање на нејзината постара сестра.
Според последните податоци, во земјотресите во југоисточна Турција што се случија на 6-ти февруари, загинаа 31.643 лица, а беа повредени 80.278 лица. Уништени се 6.444 згради.
Спасувачките напори сѐ уште траат во регионот, се расчистуваат урнатините. Спасувачите сè уште регистрираат знаци на живот под купиштата бетон и покрај тоа што од уривањето мина повеќе од една седмица, а температурата на воздухот ноќе паѓа длабоко во минус.