Во потрага по преживеани под урнатините од катастрофалниот земјотрес, спасувачите во Газиантеп меѓу разурнатите згради пронајдоа торба со два милиона долари во готово и накит. Спасувачките екипи откако ги изброиле парите ја предале торбата на полицијата.
Arama kurtarma yaptıkları enkazda yaklaşık 2 milyon dolar buldular https://t.co/sutqY2GhUG pic.twitter.com/AxLKiVJ1WR
— Independent Turkish (@TurkishIndy) February 17, 2023
Надлежните најавија дека доколку не се најдат сопствениците, накитот и парите ќе завршат во државната каса.
Според последните податоци, бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија ја надмина бројката од 45.000, од кои над 39.000 се во Турција, соопшти турската управа за катастрофи. Оваа бројка се очекува да се зголеми со оглед на тоа што околу 264.000 станови беа уништени во земјотресот на 6 февруари и многу луѓе сè уште се водат за исчезнати. Во Сирија, властите велат дека во природната катастрофа загинале 5.800 луѓе, иако оваа бројка не е променета со денови. Таму повеќе не се трага по преживеани.
Во погодените подрачја во севрозападниот дел на Сирија утрово пристгна хумитрана помош од ЕУ.