Специја го шокираше Наполи на „Марадона“, седма победа на Интер со ред

Фудбалерите на Специја го направија најголемото изненадување од досегашниот дел на италијанското првенство сезонава победувајќи го во 19-то коло на гостувањето кај Наполи со 1:0, а притоа без да упатат ниеден удар во рамките на противничкиот гол.

Погодокот за сензацијата беше дело на домашниот стопер Хуан Жезус кој во 37 минута ја скршна со глава ја сврти топката во својата мрежа. Наполи, за кој не настапи македонскиот репрезентативец Ељиф Еламс, имаше вкупно 26 удари од кои седум во рамките на голат, но ниеден не заврши во мрежата. Така тимот на Лучано Спалети го доживеа третиот последователн пораз на домашен терен каде пред Специја го совладаа Емполи и Аталанта.

Специја дојде до четвртата победа сезонава и до 16 бодови со кои е на 17-то место, пет повеќе од зоната на испаѓање од Серија А. Наполи остана на 39 бодови и на третото место, три зад второпласираниот Милна и седум за првиот Интер а бод повечќе од четвртопласираната Аталаната.

Милан во Емполи дојде до победата од 4:2 со која се задржа на четири бодови заостанување зад градскиот ривал Интер. Емполи, пак, остана деветти со 27 бодови.

Франк Кеси му го донесе на Милан водството во 12 минута, а Емполи израмни веќе во 18 минута преку Недим Бајрами, а Кеси во 42 минута со својот втор погодок вечерва донесе нова предност за „Росонерите“. Во вториот дел гостите без големи напори ги осигураа бодовите преку Алесандро Флоренци во 63 и Тео Ернандез во 69 минута, а конечниот резултат го постави Андеа Пинамонти во 84 минута од пенал.

Фудбалерите на водечкиот Интер на својот „Сан Сиро“ со минималните 1:0 го совладаа Торино и дојдоа до седмата последователна победа во Серија А. Победничкиот погодок го постигна холандскиот репрезентативец Дензел Думфрис во 30 минута.

Актуелниот шампион и крајот на календарската 2021 година го дочека на првото место со 46 бодови. Торино, пак, е 11-ти со 25 бодови.

Верона одигра 1:1 со Фиорентина. Домашните поведоа во 17 минута преку Кевин Ласања а гостите израмнија во 81 минута со голот на Гаетано Кастровили. Фиорентина остана седма со 32 бодови колку што има и шестата Рома која го држи последното место кое води во европските купови. Верона има 24 бодови на 12-то место.

Со идентичен резултат 1:1 завршу дуелот мешу Рома и Сампродија. Узбекистанскиот репрезентативец Елдор Шомуродов ја донесе „Волчицата“ во водство во 72 минута, но Сампдорија во 80 минута преку Маноло Габиадини.

Рома дојде до 36 бодови и шестото место на табелата, а Сампдорија е 15-та со 20 бодови.

Лацио оствари гостинска победа од 3:1 во Венеција. Римскиот тим поведе ушто во 3 минута преку педро но на полувремето никој немаше предност откако во 30 минута израмни за домашните Франческо Форте. На почетокот од вториот дел во 48 минута ново водство за Лацио донесе Франческо Ачерби а победата ја потврди Луис Алберто во петтата минута од судиското продолжение.

Лацио се одржа на осмото место со 31 бод, а Венеција остана 16-та со 17 бодиви, со доволна предност во борбата за опстанок пред почетокот на пролетниот дел на сезоната.

Болоња беше сигурна со 3:0 на гостувањето кај Саусоло, а до триумфот дојде преку Рикардо Орсолини во 36, Арон Хиски во 44 и Федерикот Сантандер во четвртата минута од судиското продолжение. Болоња е 10-та со 27 бодови, а Сасуоло падна на 13-то место со 24 бодово