Специјални тимови во жариштата на коронавирусот, закана од делта варијантата во САД

Белата куќа објави во четвртокот дека ќе испрати специјални тимови за сузбивање на жариштата на коронавирусот ширум Соединетите држави пораби борбата против високозаразната делта варијанта на вирусот, а на Американците кои не се вакцинирани им упати итен повик тоа да го сторат.

Високиот советник во Белата куќа задолжен за справувањето со Covid-19, Џефри Зиентс, изјави на брифингот за новинарите дека тимовите ќе бидат подготвени да го забрзаа снабдувањето со потребната опрема за тестови, како и да се зајакне терапевтската нега во заедниците кои забележале раст на случаите на зараза со коронавирусот.

Просечниот седумдневен број на сличаи на коронавирусната болест Covid-19 во САД се зголемил за 10 отсто во однос на една седмица претходно, извсти претходно седмицава директорката на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC), Рошел Валенски.

Во четвртокот таа истакна дека позаразната делта варијанта на вирусот, првпат идентификувана во Индија, станала втората најраспространета варијанта на коронавирусот во САД.

„Јасно е дека заедниците во коишто луѓето не се вакцинирани и натаму се ранливи“, изјави Валенски, додавајќи дека во околу илјада окрузи во САД стапката на вакцинираните е под 30 отсто.

Зиентс рече дека сојузните служби ќе им помагаат на заедниците со дополнителното ангажирање на здравствен персонал, а CDC ќе им пружа помош во сузивањето на потенцијалните ширења на заразата.

САД, иако не ја исполнија целта на претседателот Џо Бајден до почетокот на јули да вакцинираат барем со една доза 70 отсто од возрасното населние и забавуваењто на имунизацијата минатиот месец, и натаму се светски лиде во вакцинирањето против Covid-19, со повеќе од 180 милиони граѓани кои примиле барем една доза.