Специјалниот обвинител на САД вели дека обвинение против Трамп не било опција

Специјалниот американски обвинител Роберт Мјулер изјави во средата дека неговата истрага за наводната руска вмешаноста во американските претседателски избори во 2016 година никогаш не водела кон подигнување обвинение против претседателот Доналд Трамп, како и дека нема да открие повеќе информации од оние кои се веќе објавени во извештајот.

Во своето прво обраќање од почетокот на истрагата во мај 2017 година, Мјулер порача дека Министерството за правда на САД изрично го спречило во подигнување обвинение против актуелниот претседател.

„Обвинение за кривично дело, оттаму, не беше опција којашто можевме да ја разгледуваме“, рече Мјулер пред новинарите и најави своја оставка во Министерството за правда.

Редактираната верзија на извештајот на Мјулер беше објавена во април, во која се заклучува дека Русија повеќепати се обидела да се меша во избориет во 2016-та но за што не се дадени никакви докази, како и дека кампањата на Трамп имала повеќепати контакти со лица од Русија, но дека не се впуштила во договор со Москва за да се освои Белата куќа.

Мјулер, исто така, одбил да оцени дали Трамп се обидел да ја опструира истрагата, иако во извештајот се наведени десетина тврдења од лица дека наводно претседателот се обидел да ја спречи истрагата.

„Кога би биле уверени дека претседателот очигледно не сторил криминално дело, ќе го кажевме тоа. Меѓутоа, не утврдивме дека претседателот сторил дело“, рече Мјулер. Додаде дека извештајот на 448 страница доволно зборува самиот за себе.

„Освен она што денеска овде го кажав и она што е содражано во нашата писмена работа, не верувам дека е соодветно да продолжам да зборувам“, рече Мјулер во кусата изјава за новинарите во неговата канцеларија во Министерството за правда.

Претседателот, кој во повеќе наврати истрагата на Мјулер ја критикуваше како „лов на вештерки“ под влијание на опозициските демократи, смета дека ова прашање е затворено.

„Ништо не се менува поради извештајот на Мјулер. Немаше доволно докази и затоа кога доказите ќе изостанат, во нашата земја, лицето е невино. Случајот е затворен! Ви благодарам“, напиша Трамп на Twitter.