Спијте голи: Гениталиите ќе ви бидат поздрави, а сексот почест!

Спиењето без ништо на себе дава чувтво на апсолутна слобода. Ништо не ве стега, не ве гребе, ниту се одмотува околу телото во текот на ноќтта. Тоа е одличен рецепт за зголемување на сексуалната желба, бидејќи кога сме голи, седноставно се чувствуваме повеќе секси.

А, секси е и допирањето со партнерот, кожа на кожа. Многу подобро отколку допирање „пижама на пижама“.

Според меѓународна американска студија, секој трети човек спие гол и затоа љубовниот живот им е посреќен, од оние кои спијат во пижами. Поблиски се со партнерот, што резултира со намалување на крвниот притисок, го јакнее имунитетот и го намалува чувтвото на тешкотија. Освен квалитетен љубовен и сексуален живот, спиењето голи го подобрува квалитетот на спиењето.

Температурата на телото е пониска што придонесува за подлабок сон. И гениталиите ќе ви бидат благодарни доколку не ги криете во пижами. Стручњаците веруваат дека така се проветруваат, што пак ја намалува шансата од развој на бактерии, бидејќи тие повеќе сакаат влага и топлина. Вагината ќе биде помалку влажна и помалку склона на инфекции, а тестисите поладни, што пак го чува здравјето на спермата.

И кожата ќе ви биде благодарна, бидејќи тоа е единтвена можност непречено да дише, што ја намалува можноста од добивање кожни болести.