Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од ставот на премиерот Димитар Ковачевски за кого не се важни предупредувањето од Брисел дека тој и Владата го злоупотребуваат европското знаменце.
Социјалистичката партија на Македонија и во оваа прилика и укажува на јавноста дека и покрај изјавите дека европскиот пат за Македонија е најважен Владата на ДУИ и СДС не е подготвена да ги почитува европските забелешки и јасни укажувања.
Имено, Владата се длучи да ја игнорира и последната остра реакција од Европската Унија во врска со употребата на европското знаме на законите поврзани со „Бехтел и Енка“ во која е искажан ставот дека е штетно користењето на скратените процедури злоупотребувајќи ги за прескокнување на јавна расправа.
Социјалистичката партија на Македонија децидната порака на премиерот Ковачевски дека ништо нема да ги спречи потребните измени во Собрание ја смета за неодговорна и несериозна.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека е неопходно усогласување на ставовите на сите политички партии. Меѓутоа и во овој случај, како и во многу други претходно, владејачката гарнитура на ДУИ и СДС не направи никакви консултативни разговори со опозицијата.
Беспредметно е да се нагласува многу честите укажувања во извештаите на ЕУ за користењето на европското знаменце за усвојување закони кои што се директно поврзани со европските практики и со европското законодавство за што претходно се потребни вистински консултации меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, а тоа во овој случај не е.
Со оглед на најлошиот Извештај за Република Македонија кој ќе следи Социјалистичката партија на Македонија укажува на мислењето на јавноста за актуелната Влада како најголем и единствен кочничар на европерспективите на Репиблика Македонија.
Раководејќи се од коруптивно криминални мотиви власта на ДУИ и СДС отворено работи спротивно на интересите на македонската држава и граѓани и тоа воопшто не го крие. Власта доживува дебакл и фијаско на политиките во сите сфери па оттаму единствениот излез од длабоката политичка криза и економскиот слободен пад е во неотповикливата оставка на Владата, за што премиерот го охрабруваме да го стори.
(Интегрален текст од соопштение на СПМ)