Според Бесими, вината е кај Уставниот суд за скандалозните 78 отсто пораст на функционерските плати, додека народот гладува

По емисијата ТВ Клан Македонија објави: „Размислете и за еден друг момент: да го имаше Уставниот суд укинато тој член од законот. Тоа ќе значеше дека ќе се вратиме пред повеќе од 10 години и да се исплатат сите функционери, кои биле именувани во овој период и на сето тоа да се додаде уште и казнената камата според законот. Тоа ќе претставуваше финансиска бомба за буџетот.’ – изјави Фатмир Бесими во ‘Клан дебата’.“

„Тој ја објасни постапката, што довела до одлуката на Уставниот суд, кој побарал мислење од Владата и  соодветните институции да се изјаснат за односниот член на законот.“

„Во конкретниот случај Владата даде мислење тој член да не се укинува и да продолжи замрзнувањето на платите како што беше. Но, одлуката на Уставниот суд е ваква, без разлика на мислењето на Владата.’ – нагласи Бесими.“

„Тој додаде дека граѓаните имаат право да критикуваат и да се жалат, појаснувајќи дека не станува збор за политика на Владата да ги зголемува платите на функционерите.“