Клуб Матица го организира првиот од серијата летни настани, едно интересно дружење кое што ќе ги спои спортот и читањето но и ќе им овозможи на познатите спортисти од Македонија да ги споделат своите омилени наслови со посетителите.Настанот е закажан за вторник пред продажниот салон на Клуб Матица на бул. „Климент Охридски“, со почеток во 21 часот.
Настанот ќе започне од 21 часот, по што на видео бим ќе се проследи натпреварот САД- Белгија. Клуб Матица ќе работи до полноќ, до кога посетителите ќе можат фудбалската треска да ја искористат за да си ги купат омилените наслови по супер цени.
Специјални гости на настанот ќе бидат фудбалската легенда Дарко Панчев, маратонката Теодора Раптис, ракометарот Дејан Манасков од ракометниот клуб Металург, кајакарот Атанас Николовски, Страхиња Милиќ од РК Вардар, маратонците Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, ватерполистите Владимир Латковиќ и Игор Милановиќ, македонскиот кошаркарски репрезентативец Дарко Соколов и уште многу други.