– Полицијата во италијанскиот град Саленто заплени моторен чамец со повеќе од 700 килограми марихуана. Уапсени се двајца албански државјани кои дрогата ја транспортирале со моторен чамец, пишува порталот „Албеу“.
Според италијанската полиција, двајцата Албанци се обиделе да побегнат, но не успеале во намерата. Тие се приведени од полицијата во Лече.
Деновиве во Тирана, на заедничка прес конференција со албанските колеги, претствници на италијанската полиција искажаа голема загриженост околу новите начини што албанските шверцери ги користат за транспорт на марихуаната преку Јадранско Море.
– Шверцерите ползуваат нови начини за префрлање на дрогата, користејќи моторни чамци, што е, така да се каже, поефикасен начин, бидејќи овие средства е многу потешко да се фатат од радарите,изјави Јоселино Минуто, претставник на италијанската полиција.