Руската вакцина против коронавирусот, „Спутник V“, штити од сите познати мутации на ковид-19, тврди директорот на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Тој прецизира дека заштитата вклучува и од британската мутација, како и од делта сојот, кој е првпат откриен во Индија.
Рускиот центар „Гамалеја“ ја разви вакцината „Спутник V“, која е прва регистрирана вакцина против коронавирусот.