Срамно е што коалицијата СДСМ, едното крило на ДУИ и градоначалничката Данела Арсовска не гласаа за исплата на платите на вработените на Јавното сообраќакно претпријатие, истакнаа во обраќање во средата од советничката група на ВРМО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје
Иницијативата на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ беше изгласана за прераспределба на средства на ЈСП за исплата на плати.
„На дело се виде коалицијата Арсовска и СДС со дел од крилата на ДУИ кои гласаа против тоа вработените во ЈСП да добијат плати преку ребаланс на буџет“, се истакнува во обраќањето.