Србија: Брнабиќ кандидат за претседателка на парламентот, Шапиќ за градоначалник на Белград

Претседателот на Србија и член на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ изјави во средата вечерта дека на седницата на претседателството на партијата било договорено кандидат за претседател на Скупштината (парламентот) на Србија да биде Ана Брнабиќ, а кандидат за градоначалник на Блеграде Александар Шапиќ.

„Ана Брнабиќ е моето најпозитивно изненадување, таа најмногу напредуваше, се бореше толку силно и храбро“, изјави претседателот Вучиќ.

Се осврна и на новиот ангажман поранешниот претседател на Собранието, Владимир Орлиќ.

„Верувам дека Орлиќ ќе има значителни обврски на друго место“, рече Вучиќ.

Како што додаде, за таа функција повторно кандидат е актуелниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ.

Вучиќ најави дека составот на новата Влада на Србија и мандатарот ќе биде предложен за седум до десет дена.

По изјавата на Вучиќ се огласи премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која изјави дека најголема чест во животот и е што била седум години на чело на Владата на Србија. Таа изјави дека функцијата претседател на Народното собрание, за која е предложена, ќе биде голем предизвик за неа.

-Направивме многу работи и мојата најголема чест беше да работам рамо до рамо со претседателот Александар Вучиќ и не само за мене, и за моето семејство. Така што ова е доста емотивно. Направивме многу работи заедно. Направивме сè како тим. Мислам дека тоа придонесе за стабилноста на Србија и за јасна насока за иднината, изјави Брнабиќ.