Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги откри првите кандидатури за организација на Европските првенства во 2030 или 2032 година. Како што е објавено на сајтот на ЕХФ, потврдени се досега добиените кандидатури за организација на Европското првенство во 2030 и 2032 година, во двете конкуренции.
Се додава дека сите нови пријави ќе бидат прифатени до први јуни, кога и официјално ќе заврши можноста за испраќање кандидатури.
Кога станува збор за организацијата на женското Европско првенство во 2030 година, досега кандидатура испратиле Србија, Црна Гора, Швајцарија и Турција. Додека за 2032 година поднеле Србија, Данска, Германија Црна Гора, Полска и Швајцарија.
Можно е двете споменати првенства да бидат заеднички организирани од две или повеќе земји, како што е случајот оваа година, кога Македонија беше еден од ко-организаторите.
Што се однесува до Европското првенство во машка конкуренција, кандидати за 2030 година се: Австрија, Хрватска, Чешка Данска, Естонија Франција Германија, Полска и Швајцарија. За ЕП 2032 година, кандидатури поднесоа: Словенија Австрија, Хрватска, Естонија, Франција, Германија, Швајцарија и Турција.