Српското Министерство за трговија ги повика регистрираните производители на леб до 5 март да аплицираат за откуп на брашно од стокови резерви по субвенционирани цени од 33 динари за килограм, објавија тамошните медиуми.
Интервентна продажба на брашно од типот 500 од државните резерви ќе се врши врз основа на февруарската Уредба на српската влада според која цената на основниот леб познат како „сава“ е замрзната на 57 динари.
– Квотите на производителите ќе се одредуваат според нивното досегашно производство на леб, чија цена е ограничена – изјавија од Министерството.
Србија ја контролира цената на основниот вид леб преку субвенционирано брашно што го добиваат пекарниците.