Србија и Унгарија тврдат дека рускиот гас непречено доаѓа преку Бугарија

И покрај тоа што е запрена испораката на рускиот гас за Бугарија, засега непречено се одвива транзитот на енергенсот за Србија и за Унгарија преку бугарскиот дел од гасоводот, објавија во средата владите во Белград и во Будимпешта.

„Уредно го примаме гласот во договорените количества преку гасоводот Балкански тек“, изјави во средата српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ.

Слична изјава даде и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Испораката на рускиот природен гас се одвива непречено и според договорот на рутата којашто минува низ Турција, Бугарија и Србија“, рече сијарто за државната новинска агенција MTI.

Руската државна гасна компанија „Газпром“ ги извести во вторникот бугарскиот оператор „Булгаргаз“ и полскиот PGNiG дека од средата ќе ги запре испораките на гас поради одбивањето на Софија и Варшава да плаќаат во рубљи.

Србија и Унгарија најголемиот дел од потребите од енергија ги подмируваат со руски гас и се снабдуваат преку гасоводот Балкански тек, и двете земји како и Бугарија многу зависат од руските испораки.