Според последните информации во соседна Србија во последните 24 часа, регистрирани се 154 нови случаи со корона вирус, а починаа двајца пациенти.
Но, како што потсетува „Блиц“, пред 48 часа во Србија имаше само 57 новозаразени, вчера 106, а денеска речиси три пати повеќе.
Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор ширум земјата има 37 пациенти.