Србија последен учесник на кошаркарскиот мундијал

Српската кошаркарска селекција се пласираше на Светското првенство кое ќе се одржи на Филипините, Јапонија и Индонезија, откако во понеделникот вечерта во Белград ја совлада Велика Британија со 101:83 (28:20, 18:21, 28:19, 27:23).

Алекса Аврамовиќ беше најдобар кај Србија со 22 поени, додека Лука Митровиќ постигна 15 поени, Огњен Добриќ 14 поени, а Марко Гудуриќ постигна 13 поени и 6 асистенции. Британците ги предводеше Елис Квин со 22 коша.

Белгија не успеа ниту од далеку да ѝ ги помати сметките на Србија, откако на домашен терен беше декласирана од Турција со 54:82, а Латвија ја потврди челната позиција во оваа група со победата над Грција во Рига со 67:57.

Така Србија од на кошаркарскиот мундијал откако се пласираше на втората позиција во Групата 1.

Светското првенство со 32 селекции ќе се игра од 25-ти август до 10-ти септмеври, а жрепката за групите ќе се одржи на 29-ти април.

Учесници се Ангола, Зелено’ртските острови, Брегот на слоновата коска, Египет и Јужен Судан од Африка – Австралија, Нов Зеланд, Иран, Кина, Јапонија, Јордан, Либан и Филипини од Азија и Океанија – Бразил, Венецуела, Домениканска Република, Мексико, Порторико и САД од Америка – Германија, Грузија, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Србија, Словенија, Црна Гора и Шпанија од Европа.

Во Јапонија, Индонезија и на Филипини ќе настапат девет селекции кои не играа на претходното првенство во 2019 година. Тоа ќе биде првиот настап на светската кошаркарска смотра за селекциите на Зелено’ртските острови, Грузија, Латвија и Јужен Судан. Репрезентациите на Египет, Финска, Либан, Мексико и Словенија, пак, повторно се враќаат на светската сцена.