Србија со ефектна победа ја заврши групната фаза на Евробаскетот

Србија славеше убедлива победа против Полска со 96-69 во Прага и групната фаза на Европското кошаркарско првенство ја заврши со максимален ефект од пет натпревари.

Нашиот северен сосед од претходно ја имаше обезбедено првата позиција во Групата Д, но вечерва само ја потврди со убедлива игра. Шест играчи на Србија имаа двоцифрен едект во нападот, а најефикасен беше Никола Јокиќ со 19 поени. Кај Полска најмногу се истакна Михал Михалак со 17 поени.

Противник на Србија во осминафиналето ќе биде четвртопласираната селекција од Групата Ц, а тоа е Италија, која вечерва со 90-56 ја совлада Велика Британија.

ОСМИНАФИНАЛЕ
10.септември
Германија – Црна Гора
Шпанија – Литванија
Словенија – Белгија
Турција – Франција

11.септември
Грција – Чешка
Финска – Хрватска
Украина – Полска
Србија – Италија