Србија во Москва потпиша договор со Евроазискиот економски сојуз

Претседателката на српската влада Ана Брнабиќ потпиша во петокот во Москва договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазискиот економски сојуз/унија (ЕАЕС) и нејзините држави членки Русија, Казахстан, Белорусија, Ерменија и Киргистан, што на Белград ми отвора пристап на пазар од 183 милиони луѓе.

Премиерката Брнабиќ изјавила за новинарите во Москва по потпишувањето дека овој договор е „комплементарен со европскиот пат на Белград“.

„Според Спогодбата за стабилизација и придружување со Европската унија, имаме право на договори за слободна трговија со меѓународната организација и поединечни земји до влегувањето во ЕУ. Тогаш мораме да ги раскинеме договорите со сите трети земји и други организации, а до тогаш имаме право и во интерес на Србија се што повеќе вакви договори“, истакна Брнабиќ.

Со потпишување на овој документ, Србија може да извезува околу 999 отсто од производите без плаќање царински намети, а според извештајот на Радио-телевизија на Србија (РТС) од Москва, царината останува на извозот на автомобили. Покрај другото, станува збор за извоз на 2.000 тони цигари, 400 тони кравјо сирење, неограничен извоз на овчо и козјо сирење, како и овошна ракија, 90.000 литри вино, се додава во извештајот на РТС.

И покрај потпишувањето на договорот, Србија нема да стане членка на Евроазискиот економски сојуз, бидејќи членството не беше тема на преговорите што се водеа од 2016 година.

Стоковата размена во минатата 2018 година на Србија со петте земји членки на ЕАЕС изнесувала 3,4 милијарди долари. Стоки во вредност од 1,1 милијарда американски долари биле извезени од Србија, а увезени се производи во вредност од 2,3 милијарди американски долари.

Претседателот Александар Вучиќ претходно изјави дека договорот е важен за Србија и нејзината економија и дека ја зајакнува довербата.

Евроазиската економска унија е основана на 1-ви јануари 2015 година на предлог на рускиот претседател Владимир Путин. Домашниот бруто производ (БДП) во ЕАЕС е 1,9 трилион американски долари или 3,2 отсто од светскиот БДП, а невработеноста е 5,4 отсто.