Србија во вторникот побара ракција од земјите на ткн Квината (петорка) – САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, а официјален Белград започна интензивни дипломатски активности по повод акцијата на специјалната полиција на албанските власти на северот од поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, каде што се уапсени најмалку 23 лица а ранети две, во операција за којашто Приштина вели дека е насочена против осомничени за учество во организиран криминал.
Според најновите информации, во операцијата на косовската полиција на северот од Косово уапсени се 23 лица од српска и бошњачка националност, главно припадници на косовската погранична полиција.
Според сѐ уште непотврдените информации од очевидци за медиумите во Белград, најтешка е ситуауцијата во српската северна општина Зубин Поток, каде што ROSU со употреба на боеава мунииција ги отстранува препреките за да стасаат до центарот на ова мест. Според истите извори, по магистралниот пат кон местото се движи колона од 15 возила на ROSU и FIT, помогнати од борбени возила.
„Засега нема никаков одговор, без оглед на тензиите кои може да го загрозат мирот“, не само на територијата на јужната српска покраина“, објави весникот Вечерње новости, повикувајќи се на извори блиски на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучич поради утринската акција на косовските специјаци ROSU во областа на северот на Косово каде што во мнозинство живее српско насление, наложи ставање на Војската на Србија во состојба на поена борбена готовност, а тој налог го добија и специјални и посебните единици на српското министерство за внатрешни работи.
Во Белград, според информациите на тамошните електронски медиуми, во тек е вонредна седмциа на Советот за национална безбедност.
Српскиот претседател „презема интензивни дипломатски активности по упоадот на сепцијалните единици ROSU на северот на Косово“, пренесува агенцијата Танјуг, повикувајќи се на кабинетот на Вучиќ. Како што се наведува, Вучиќ „побарал од западнтие политички центри да ја зауздаат Приштина и ставил до знаење дека Србија нема да дозволи етнички чистење на Косво и Метохија“, јавува агенцијата. Србија од своите сојузници, Русија и Кина, очекува „секој вид помош и поддршка“.
Директорот на канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија,м Марко Ѓуриќ, оцени дека претставува „голема срамота изосстанувањето реакција од страна на Квинтата“, и предупреди дека на теренот сега има „драматична ситуација“. Вели дека упадот на косовската полициај е покренат „со јасна цел да се заплашат Србите“. Ѓуриќ смета дека е „очигледно дека екстремистите, а и оние кои им дале согласнсот за вакво нешто, со ваквите акции сакаат Србите повеќе да ги нема на Косово и Метохија“, истакнувајќи дека акцијата не би била можна „без согласност на нивните спонзори и ментори од земјите на Квинтата“.
Ѓуриќ во утринскиот дневник на РТС рече дека „до заби вооружени“ албански специјалци ги напаѓале Србте на влезот од Зубин Поток, и кај клусирата. Рече и дека „екстремистите преоблечен во полициски униформи на ROSU, во Зубин Поток го напаѓаат недолжното и невооружено население“, оценувајќи дека ситуацијата е „крајно сериона и драматична“.
Предупреди и дека претседателот Вучиќ имал разговори со повеќе меѓународни претстравници и оти „нема сомнежи“ дека ќе има реакција од државата Србија, доколку операцијата на косовоските специјалци не биде запрена.
Ѓуриќ рече дека станува збор за измеслени апсење во врска со криминал. „Тоа можеа да го сторат и српските полицајци, наместо тоа решиле да испратат оклопни возила“, рече и додаде дека станува збор за нагрубото загрозување на мирот и најдиректното кршење на сите договори и спогодби.
Претседателот на парлемнтарната Комисија за Косово и Метохија, Милован Дрецун, за РТС изјави дека Албанците „внимателно го избрале моментот за акцијата“, како и дека на тој начин испраќаат порака дека не сакаат продолжување на дијалогот со Белград и дека целта им е да ја предизвикаат Србија на воена акција. Дрецун порача дека е „важно да го сочува единството на Србија“ и повикува на „посилни дипломатски активност“ за да се спречи ситуацијата да ексалира.