Србија ги исклучи странските ТВ канали

Од ноќеска на полноќ кабелските оператори во Србија ги исклучија сите странски канали, бидејќи како што пренесуваат српските медиуми, сметаат дека нивната содржина не е соодветна за тридневната жалост во нивната држава.

Гледачите ширум Србија можат да гледаат само спортски и детски странски програми.

Од кабелските оператори за оваа постапка се повикуваат на Законот во кој се предвидува дека во случај на објавување на Ден на жалост во зeмјата, имаат право да ги исклучат странските канали.