Србија: На работa и до 70 години

Работниот век во Србија може да се продолжи и до 70-годишна возраст за оние кои тоа сакаат, ако се прифати иницијативата за измена на Законот за работни односи, од еминентни експерти за советување за актуелни прашања од современото законодавство.
Според српски медиуми, вработените всушност може да останат на работа уште пет години по исполнувањето на условите за пензионирање, доколку тоа го посакуваат и ако има потреба работодавецот, било предложено од Сојузот на правници на Србија и на Република Српска.

Предлогот дека работниот однос не мора да престане според законот на 65-годишна возраст, туку дека таа граница може да се помести до 70-тиот роденден ќе биде испратен до надлежните министерства.