Србија се сеќава: 15 години од бомбардирањето

Србија денеска одбележува 15 година од агресијата на НАТО врз некогашната Југославија каде во текот на 79-дневното бомбардирање беа убиени најмалку 2.500 луѓе, а повредено повеќе од 12.500. НАТО користел муниција со осиромашен ураниум кој веќе со години остава последици по здравјето на граѓаните.

Деценија ипол од почетокот на НАТО ќе биде одбележана со полагање на цвеќе и венци во чест на жртвите, а претседателот на Србија, Томислав Николиќ во Варварин ќе положи цвеќе на споменикот на настраданите во бомбардирањето.

Претседателот на Организацијата на Србија за борба против ракот, Слободан Чикариќ вели дека експертите потврдиле дека врз Србија за време на бомбардирањето паднало 115 тона радиоактивен материјала, поради што во овие години се очекува „експлозија“ на болни од рак.

Во текот на бомбардирањето погинаа или исчезнаа вкупно 1.008 припадници на војската и полицијата, а повредени беа 6.000 цивили, а меѓу нив имае и 2.700 деца.

Вкупната материјална штета е проценета на повеќе од десетина милијарди долари, додека од страна на НАТО никогаш не беше обелоденето колква се штетите, и во пари и во жртви.

Во бомбардирањето беа уништени и оштетени 25.000 станбени објекти, 470 километри пат и 595 километри пруга, ошететни се 14 аеродроми, 19 болница, 20 здравствени домови, 18 градинки, 69 училишта, 176 споменици на културата и 44 моста.