„Никола Димитров, уште не отиден кај Коѕијас, со изјавата за Фајненшл Тајмс ги урна позициите на Македонија и ја обелодени политиката на Заев. Да не се лажеме, Фајненшл Тајмс не е некој аматерски медиум на Заев за на таков начин да му инпутира зборови на Димитров кој наводно не ги кажал, не, точно е цитиран, но по реакцијата на јавноста мораше да се менува и објавата.
А каков е стилот на владеење на СДСМ?
Во 1995 година, еден ден по атентатот врз претседателот Киро Глигоров, додека целата јавност беше преокупирана со ваквиот чин, СДСМ во Собранието изгласа промена на државното знаме. Денеска гледаме како сакаат да го решат започнатото во 1993 година кога насилнички ни наметнаа референца. За таа цел денес го имаат СЈО кое повикувајќи го на разговор целото раководство на ВМРО од нив во јавноста треба да создаде криминалци, корумпирани, насилници и монструми, додека надвор по некоја “случајност” се присутни медиумите на Заев задолжени за лепење етикети и за дефокусирање на јавноста од пазарењето околу името, исто како што беше во 1995. СЈО ќе го потрупа раководството на ВМРО со неиздржани обвиненија со цел да бидат приморани да одат по судови, но не е во прашање правда, потребна е приказна за медиумите на Заев кои ќе го пласираат зготвеното на Бихаќка а народот да се “забавува” со рекла-кажала. Јавноста ќе се забавува со тоа кој што јадел, дали бил испран или не блиндираниот Мерцедес, а Заев и Димитров ќе си ја буткаат агендата со името. Но ова е наменето за пошироката јавност.
За замајување на членството на ВМРО ДПМНЕ, Заев ги има т.н. “реформатори” на чело со тивкиот милионер Алек Михајловски кои ќе го “демократизирале” ВМРО.
Сега гледаме зошто се брзаше и со поставувањето на Талат Џафери за претседател, зошто се брзаше со составување на Влада која треба да не обезличи пред големите турбуленции кои следат во регионот. За ова да се постигне меѓународната брзаше да го постави Заев за премиер кој е спремен да витка кичма. Видовме и атентат врз Тодоров кој беше поттикнат од СДСМ и невладините организации.
СДСМ не води кон крајот на сценариото кое се подготвуваше 3 години – промена на името на Република Македонија, а во меѓувреме јавноста ќе се занимава со маргинални теми и со раководството на ВМРО. Кај СДСМ ги гледаме истите методи од минатиот век, во оваа партија ништо не се променило“, пишува Србов.