Пјер-Емерик Обамејанг, фудбалската ѕвезда на лондонски Арсенал и на репрезентацијата на Габон, нема поголеми проблеми со срцето, наведвуаат во саботата англиски медиуми.
По пристигнувањето на африканскиот Куп на нациите минатата седмица, Обамејанг доби позитивен тест на Covid-19 кој се проширил на играчите на селекцијата на Габон.
Исто така, натамошните медицински наоди утврдиле дека тројца решрезентативци, освен Обамејанг и Аксел Меје и Марио Лемина, имаат срцеви проблеми по заразата со коронаврусот.
Поради овие причини споменатите тројца играчи не се појавија на терено на мечот меѓу Габон и Гана кој заврши со резултат 1:1, а ведна по сознанијата лекарите на Арсенал стапиле во контакт со лекарскиот тим на Габон.
Утврдено е дека Обамејанг, како и другите двајца, се чувствуваат добро. Исто така утврдиле и дека првичните наоди покажале благи проблеми и дека единствено поради предострожност сите тие не биле предвид за натпреварот со Гана.
Најавени се и натамошни прегледи, со магнетна резонанца, а од габонската селекција најавија дека сакаат „да ги следат сите протоколи“ и да бидат „претпазливи поради здравјето на фудбалерите“.