Среќна победа на Барселона

Фудбалерите на Барселона на својот „Камп Ноу“ со 1:0 го победија Реал Сосиедад во 27-то коло од шпанското првенство привремено враќајќи се на вровот на Примера.

Барселона среќно стаса до победата, бидејќи баскиската екипа којашто претходно седмицава по повеќе од три децени се пласираше во Купот на кралот, беше подобра во поголемиот дел од дуелот.

Во 80 минута топката случајно го погоди во рака бекот на гостите Ле Норманд, а судијата по прегледот на ВАР-от досуди пенал кој го реализираше Лионел Меси.

Барселона сега е на врвот на Ла Лига со 58 бодови, два повеќе од Реал Мадрид кој има меч помалку.