Крај на колумната
Јас ја разбирам нашата НАТО определба, ама не можам никако да прифатам дека целиот српски народ е геноциден. И затоа во Македонија има да одлучуваат хуманисти, а не „сељаци“ и „говеда неотесани“.
За „говедото неотесано“, по скопски можеш да го класифицираш како мангуп или пак како невоспитан, што си ја чешкаше главата (тогаш министер за внатрешни работи) при атентатот на нашиот миротворец за Босна, Киро Глигоров, и кој го направи нашиот братски народ СРБИТЕ дека е геноциден, му препорачувам сите пари кои ги има заработено со неговиот брат да си ги трошат во Угостителскиот објект- Боти 96, специјализиран за погреби и помени при АД-Бутел.
За разлика од претходниов, еве уште еднаш да повторам во стил кој го заслужува „сељакот“ Бујар Османи, за неговото мешање за ситни политички поени како демек он е хуманитарец, а се со цел гласови за неговиот Европски Фронт од нашите браќа по традиција и чувства Бошњаците. Прво он е член на партија која е наследник на ѕверства врз недолжни граѓани кои се по случајност МАКЕДОНЦИ. Второ „Дијар“ (ова по амерички) е политички мртов и нема да дочека ниту достоинствен „политички погреб“, а можеби нема да дочека и следна абдоменална операција врз пациент поради соодветни информации. И трето џабе се гребе, кај за мене лично легенда на политичкава сцена Али Ахмети, за да преживее медиумски затоа што може само да си земе знаменце од BDI-UCK и да ја пее Напред Наши, ама вистината е:
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ е АФРИМ ГАШИ!
П.С. Г-дине Бујар Османи, неговата политичка екселенција Еди Рама кого ангажира од Македонија за регионална (балканска) соработка? Тебе сигурно не. Еден е Артан Груби, Нели?
Почеток на колумната
Ние сме наследници на мировната политика на Киро Глигоров. За оние кои незнаат и посебно за помладите, во Босна кога ќе кажеш Македонец ти си во најмала рака на пиедесталот на почитта. И сето тоа е поради Киро Глигоров, неговата политика за мир и еквидистанца и нормално поради нашиот однос кон сите три братски народи (по процент на население): Бошњаци, Срби и Хрвати.
Македонија мора да ги земе во предвид сите информации за целата војна во која загинаа околу 110.000 цивили и војници. Оваа е најтажната војна на нашите простори. Браќа и тоа родени, или побратими и кумови да не разберат што кажал Меша Селимовиќ.
За да можеш да збориш за Сребреница мора да имаш многу информации за целата војна во Босна и Херцеговина. Сребреница е чин на: нелуѓе и одмазда и тоа од двете страни, а предизвикана од сите три страни. Впрочем тоа се објаснува на следниов начин:
„Кога ќе повредиш добар човек, он само ќе си ги собере своите работи и си заминува. Неговиот грб кој во тој момент го гледаш не е неговиот, туку твојот срам“ – Меша Селимовиќ.
Затоа јавно ја повикувам Претседателот на Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска Давкова да создаде иницијативи и одлуки:
- Веднаш да се повика на мировна еквидистанца по однос на воените дејствија во Босна и Херцеговина во периодот 1992 -1995;
- Да потсетува за страшниот масакр на недолжни војници кои се повлекуваат во улицата „Добровољачка“ во Сараево и тоа со наредба дадена од Ејуп Ганиќ и Генерал Дивјак, а сето тоа објаснето во книгата „Ничии Војници“, од Жељко Пантелиќ, сведок, официр на ЈНА и злоставуван од нелуѓе и тирани.
- Да поднесе иницијатива за доделување на статус „Почесен Граѓанин“ на Македонија на лицето Амир Реко-Македонец, по националност Бошњак, поради посебни заслуги за човештвото.
Оваа личност е командант на една дивизија за одбрана на опколениот Град Горажде во 1992 година. Овој командант дознава дека тиранини и нелуѓе од српска националност му ја имаат запалено жива родената мајка, чии коски подоцна во есхумација ги пронаоѓа пред вратата што значи дека сакала да излезе, а не била во можност, ја одбива наредбата за спроведување на акцијата за „чистење“ на селото во кое сите жители, околу педестеина, се од српска националност.
Неговата одлука да не се осветува е три дена од смртта, односно од масакрот кој е спроведен врз недолжни Бошњаци меѓу кои и неговата мајка.
Амир Реко-Македонец, мора да биде инспирација за сите нас нормалните дека мора да направиме разлика помеѓу луѓето и нелуѓето.
За разлика од овој херој, Македонија се соочува со безобразлук кој го водат „Сељак“, „Неотесоно Говедо“ и други.
Врати се на почетокот од колумната.
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес