Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоцски тргна кон создавање парламентарно мнозинство потребно за мандат и нова влада. Откако Димитар Апасиев, лидерот на Левица, јавно соопшти дека двата пратеници од таа партија ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа, денес Мицкоски се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Средбата меѓу Мицкоски и Али Ахмети, како што информираат партиски кругови, траела повеќе од еден час, а се одвивала во Собранието. Темата била формирање коалиција којашто ќе ја сичинува новата влада.
Доколку Мицкоски обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, ВМРО ДПМНЕ ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, доволно за мандат и за нова влада.