
На средбата двајцата соговорници се осврнаа на стратешките односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.
Мицкоски се заблагодари за севкупната поддршка дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на нашата земја.
Мицкоски го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци кои се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество.
Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која силно ја поддржува евроатланската интеграција на Република Македонија како национален и стратешки приоритет.