![zaev-micotakis-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/zaev-micotakis-1.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Премиерите на Грција и на Северна Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев, ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 209”, што следниот четврток и петок на 14 и 15 ноември 2019 ќе се одржи во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, а освен со Заев, учеството на Самитот, Мицотакис ќе го искористи за средба и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.
Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН.
МИА