Средба на ДИК со амбасадори и дипломатски претставници

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска имаат средба со амбасадори и претставници на меѓународната заедница во земјата, пренесе МИА.

Според информации од ДИК, станува збор за редовен состанок со претставници на меѓународната заедница, на која членовите на највисокото изборно тело во земјата информираат за тековните активности поврзани со подготовка и организирање на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, вклучувајќи ги и активностите поврзани со Избирачкиот список.

На средбата во Клубот на пратеници присуствуваат сите членови на ДИК, амбасадори и претставници на амбасади, како и претставници на меѓународни организации во земјата.