Британскиот премиер Борис Џонсон ќе се сретне во четвртокот со својот ирски колега Лео Варадкар, во критичниот момент од процесот на истапувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, во моментот кога преговорите меѓу Лондон и Брисел запнаа на праѓањето на границата на Ирскиот остров.
Преговорите се во ќорсокак, една седмица пред самитот на ЕУ кој ќе биде клучен за евентиачното избегнување на ткн тврд брегзит на 31-ви октомври.
Состанокот меѓу Џонсон и Варадкар, организиран во пресрет на посетата на Брисел на британскиот министер за брегзитот Стив Баркли, „ќе биде приватен, за да им се овозможи на челниците и нивните екипи детилни преговори“, објави Даунинг стрит. Ќе се одржи на „северозпадот на Англија“, објави британската влада без никакви поединости, а пристапот на медиумите ќе биде оневозможен.
Ирскиот премиер е клучната личноста во процесот во кој проблемот е како да се избегне враќањето на тврдата граница на Ирскиот остров, односно меѓу Ирска, која е членка на ЕУ, и Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство, и како да се сочува мирот на островот кој со децении беше сцена на крвави немири.
Но рокот е кус, Европската унија ѝ даде на британската влада рок до петокот да претстави профатлив компромис за границата и да овозможи пријателско раздружување, повеќе од три години по референдумот на кој беше одлучено да се истапи од ЕУ. Но засега не е постигнат поголем напредок и Лондон и Брисел последните денови меѓусебно си префрлаат за отстапките кои би требало да ги направат.
Времето тече, предупреди во средата европскиот преговарач за брегзитот, Мишел Барние, пред Европскиот парламент.
„Да бидатм искрен, навистина не сме во позиција да пронајдеме договор со Велика Британија… ЕУ не може да го прифати актуелниот британски предлог, бидејќи тој би го заменил оперативното, практичното и правно решение со хипотетичка и приврмена солуција…. Од нас се бара да прифатиме систем кој сѐ уште не е развиен ниту испитан, кој во поголемиот дел се темели на изземања и дерогации, на технологиите за коишто сѐ уште не се дискутирало“, рече Барние.
Во петок биранскиот министер Баркли во Брисел ќе се сретне со Барние. Првично најавен за четвртокот, состанокот е одложен за петок наутро, рекол за AFP европски дипломатски извор.
Во недела, францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејскиот дворец ќе ја прими германската канцеларка Ангела Меркел, неколку дена пред самитот на ЕУ на 17-ти и 18-ти октомври, клучен за постигнување на договорот.
Доколку до 19-ти октомври нема договор, законот му наметнува на британскиот премиер да побара одгложување на брегзитот од три месеца, иако Џонсон вети излегување „по секоја цена“ на 31-ви октомври. Парламентот донесе закон кој го обврзува премиерот да побара одложување на брегзитот, доколку не успее да испреговара нов договор на самитот во Брисел. Џонсон рече дека ќе го почитува законот, но остана и цврсто на верувањето дека во секој случај на 31-ви октомври ќе ја изнесе Британија од Унијата.