Средбата на Баерн во Купот на Германија е одложена поради карантин на Бремер

Натпреварот од првото коло во Купот на Германија помеѓу Баерн Минхен и Бремер, клуб од 5. дивизија е одложен на неодредено време.

Средбата беше закажана за в петок, но е откажана поради наметнатите карантински мерки за домаќинот, клубот од Бремен.

Германскиот фудбалски сојуз во блиска иднина ќе се обиде со клубовите да се договори за нов датум за натпреварот.