Инцидентот во средата околу 12.47 часот го пријавил 49-годишниот П.З., татко на нападнатата ученичка.
Според пријавата, претходно утрото околу 9,20 часот во средно училиште на подрачјето на скопската општина Аеродром, по претходна расправија, неговата ќерка била нападната со тврд предмет од нејзина соученичка.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.