Срна ја напушти репрезентацијата поради семејна трагедија

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Даријо Срна го напушти националниот тим поради смртта на неговиот татко.

Срна, кој е предводник на „коцкестите“ на Европското првенство во Франција одлучи да го напушти тимот за да присуствува на погребот.

По големата победа над Турција на стартот на Евро 2016-тата капитенот дозна дека неговиот татко Узеир починал по тешката болест.

Сеуште не е познато кога Даријо ќе се приклучи на репрезентацијата, а доколку не му биде на располагање, селекторот Анте Чачиќ за вториот меч од групата Д со Чешка ќе го замени со Шиме Врсалјко.