Српската администрација започна да работи со ново работно време од 7.30 до 15.30 часот. Некои од службениците ја пофалија мерката, други пак се незадоволни.
Некои од нив сметаат дека лесно е со работното време, она што е потребно се програма и проекти.
Мајките сметаат дека ова е одлично работно време за нив, бидејќи порано ќе ги земаат децата од градинка и училиште и ќе имаат повеќе време да поминат со нив.
Помладите кои се вработени во администрацијата исто така ја поздравуваат мерката, бидејќи како што велат имаат повеќе време за себе.