Во Србија е фатена баба која се занимавала со трговија со дрога. 78-годишната жена „дилала“ дрога во шума кај Земун, а полицијата во вторникот вечерта ја фатила со вага, „пакетчиња“ и нож. Во кесичките, имало околу 400 грама прашкаста материја со бела боја, слична на наркотична дрога.
Шумата се наоѓала во населбата Галеника во Земун, а жената со иницијали В.Н., имала дигитална вага, неколку вреќи прашкаст материјал. Полицијата ја привела В.Н. во полициската станица во Земун.