Граничната полиција на Србија, заплени уште една голема количина на дрога на граничниот премин Батровци, дознава Блиц. Запленети се еден килограм на кокаин, 34 килограми екстази и половина килограм амфетамин.
Се проценува дека запленетата дрога е во вредност од еден милион евра.
Наркотиците биле запленети кај турски државјанин со потекло од Нови Пазар, во автомобил со холандски регистрации.
Дрогата е откриена при влез во Србија.