Официјален Белград врачил по повод неодамнешните изјави на високите албански функционери за обединување на Албанија и Косово четири барања на амбасадорите од земјите членки на Европската унија, барајќи во прв ред реакција од Брисел, како и изнаоѓање мирно решение за кризата во Македонија, пишуваат во петокот белградските медиуми.
Спрската министерка за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и директорот на владиното Биро за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, им врачиле во четвртокот на дипломатите „нон-пејпер“, во кој наведуваат дека „последните потези на албанските челници се координирани со цел постепено легитимизирање на проектот ‘голема Албанија’“, пишува Вечерње новости.
Со овој неофицијален документ од државите членики на ЕУ се бара релевантните меѓународни фактори да га осудат агресивната реторика „којашто го турка Западен Балкан во нови судири и поделби“, како и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, безусловно уважување на меѓународните норми во почитувањетто на територијалниот интегритет и суверенитет на меѓународно признаените држави и изнаоѓање избалансирано, мирно, политичко решение за кризата во Македонија.
Документот, во којшто покрај другото се наведени и најекстремните изјваи на албанските политички челници од регионот од почетокот на годинава, ќе му биде врачен следната седмица и на шефот на мисијата УНМИК на Косово, Захир Танин, со барање да му го проследи на генерелниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Серијата изјави на коишто реагира Белград следеше по пораката на албанскиот премиер Еди Рама дека не исклучува можност од обединување на Албанија и Косово „доколку перспективата за влегување на земјите од регионот во ЕУ продолжува да бледее“.
По отфрлањето на францускиот суд поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај, да ѝ го предаде на Србија според меѓународната потерница поради воени злосторства, овој влијателен челник на косовоската опозиција му порача на српскиот премиер и избран претседател Александар Вучиќ, „да не се закача со него“ и „да не си игра со Албанците“, додека претседателот на ткн Албански национален совет од српската општина Бујановац, Јунуз Муслиу, изјави дека неговиот претседател е албанскиот премиер Еди Рама, а не Вучиќ и кој по изјавата на Рама за сојуз меѓу Косово и Албанија, кажа дека тој сојуз е бесмислен без делови од Србија.
Муслиу, исто така, во четвртокот повтори дека официјална Тирана има целосна поддршка за „обединвуањето на Албанија и Косово“, доколку изостане нивната европска перспектива, но не без Прешевската долина, областа во јужна Србија на границата со Косово.