Српскиот доктор Јанковиќ: Ако бидеме несериозни, нè чека сценариото на Македонија

Српскиот имунолог Срѓан Јанковиќ кој зборуваше на темата коронавирус во утринската програма на една тамошна телевизија, нè претстави како лош пример во борбата со пандемијата.

„Растојанието е најважната мерка. Целта е да се интегрираат превентивни мерки во секојдневниот живот. Се препорачува растојанието да биде метар, а по можност до 2 метри. Свесни сме дека е тешко да се спречат контакти во вакви ситуации, но ако тие се драстично намалени или одржуваат оддалеченост, нема простор за поголеми жаришта“, вели тој и предупредува, ако постапиме како да нема вирус, не чека сценарио на Македнија.

Инаку, според најновите информации, вкупно 11.741 потврдени случаи на КОВИД 19 се регистрирани во Србија до 15 часот на 6 јуни 2020 година. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 3.124 лица, од кои 74 се позитивни, 390 лица се хоспитализирани, додека на респиратор има 12 пациенти.