![nikolic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/nikolic.jpg?resize=470%2C309&ssl=1)
Претседателот на Србија, Томислав Николиќ во интервју рекол дека неговата ориентација Исток-Запад ја следи надворешната политика на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.
– Во денешно време, концептот на Титовата надворешна политика е единствен вистински избор – рекол Николиќ.
Во врска со ситуацијата во Украина тој коментирал дека Србија ќе продолжи да тежнее кон тоа да остане на страна од украинската криза.