Цената на електричната енергија порасна за 9%, парното за 14%, а само минималната плата на работникот во Македонија остана 15.200 денари.
Сојузот на синдикатите иронично им се заблагодари на сите политички партии и пратениците што дозволија се да се зголеми пред Нова година, освен минималната и сите останати плати на работниците. Од Синдикатот порачуваат дека ако не се покачат платите ќе има и генерален штрајк.
„Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници! Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција“ – вели Дарко Димовски – претседател на ССМ.
Од Сојузот на синдикатите на новата Влада и порачуваат дека покачувањето на минималната плата и регресот за сите работници мора да бидат приоритет за подобрување на состојбата со работниците во земјава.
„Покрај барањето за регрес ќе бараме и за минималната плата…“ – вели Димовски.
На 20-ти јануари е закажана средба на синдикатите со Владата, на која како што велат од ССМ ќе ги испорачаат повторно истите барања, кои доколку не се исполнат ќе резултираат со генерален штрајк на работниците.