ССМ: Сите возачи и работници во ЈСП застанаа за плата

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП Александар Стојковски оставија повеќе од 1.000 семејства на вработените во ЈСП да трпат за леб, а за првпат ги оставија скопјани без јавен превоз, информираат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
„Работниците утринава дојдоа на своите работни места да возат, но не видоа дека в.д Директорот Стојковски дошол да им исплати плати, туку видоа дека дошол неовластено да ги снима за да слушаат тие што немаат храброст да се исправат пред работниците.
Вчера бевме сведоци дека десетина штрајк брејхери вкупно со се Секретарот на Град Скопје, и в.д директорот на ЈСП и со нивните лични возачи како неаконски застанаа пред Влада, а работниците единствени како никогаш до сега не стојат со нив туку стојат заедно, а синдикатите со нив за нивните заслужени и одработени плати!
Градоначалничката, Секретарот на Град Скопје и Директорот на ЈСП можат да седнат зад воланот на автобусите и да возат, никој нема да ги спречи, сите возачи во ЈСП ги чекаат во базите!
Град Скопје да поднесе кривични пријави против Градоначалничката Данела Арсовска и в.д Директорот на ЈСП, Александар Стојковски по член 166 од Кривичниот законик кој покрај другото предвидува дека тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата итн., ќе се казни со парична казна или со затвор до една година” и да не дозволат и да ги оставаат работниците сами да се справуваат со нив!
Ако не сте способни да раководите, најдете си по способни што ќе раководат, ќе исплаќаат навремено плати, што нема да вршат мобинг“.